Вицепремиерот Бујар Османи вели дека одлуката да не учествува на конференција во Босна и Херцеговина поради Косово, е во интерес на Македонија. Според Османи, Косово морало да биде покането на конференција посветена на Западен Балкан. Вицепремиерот за евроспки прашања исто би постапил и доколку не беше поканета било која друга држава.
Одлуката не сум ја донел како Албанец туку како Европеец. Стратегијата донесена од ЕУ предвидува перспектива за сите земји од Балканот. Една од шесте носечки инцијативи е помирувањето. Било каква инцијатива, која не се залага да има помирување не поддржувам. И да не беше повикана Србија, немаше да учествувам. Не може да се отфрла било која држава, треба да учествуваат сите“, вели Османи.
Владата и натаму останува на ставот дека одлуката Бујар Османи ја донел своеволно. Премиерот Заев вели дека сите 6 земји од Западен Балкан треба да бидат поканети на вака важни конференции.
На одлуката реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата прашува дали Бујар Османи ја застапува надворешната политика на Македонија или на Косово.
На социјалните мрежи реагираше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Според Александар Николовски, потегот на ОСмани е скандалозен, а некооридинарнаоста помеѓу СДСМ и ДУИ ја загрозува евроинтргацијата на Македонија.
Бујар Османи е вицепремиер за евро интеграции само на Албанците во Македонија или на сите? Дали ако Косово или Албанија не напредуваат кон ЕУ и не бидат канети на форуми каде Македонија е поканета, ние ќе престанеме да напредуваме или дали Македонија нема да прифати членство во ЕУ само затоа што таму членови нема да се Албанија и Косово? Не очекувам одговор од Османи, очекувам од Заев и СДСМ кој е спремен се да даде за власт! пишува Николовски.