Законот за јазиците „е неповратен процес“, порача денеска вицепремиерот Бујар Османи. Ги повика ВМРО ДПМНЕ да го прифатат тоа и да се вклучат во процесот на имплеметирање на законот.
Најсериозно ги повикувам да бидат дел од работните групи за имплементирање на Законот, рече Османи.
Владата во моментов размислува до Венецијанската комисија да испрати за оценка две одредби кои биле исфрлени при подготовката на Законот за јазици , а кои се однесуваат на двојазични униформи и двоојазични банкноти. Комисијата, според Османи, би требало да процени дали тие делови се уставни , и доколку одговорат позитивно тие би биле вратени во законот. Сепапк, вицепремиерот има дилеми во објективноста на Венцијанската комисија, бидејки таму член е Каракамишева.
Се огласи и професорката Каракамишева. Во статус на социјалните мрежи му објасни на Османи дека национален претставник нема право да гласа за мислење на закон што доаѓа од државата од која е испратен претставникот.
– Бујар Османи денес на прес-конференција рекол дека законот за јазиците не го пратиле до сега во Венецијанската комисија само затоа што јас сум била таму член?! Човеков со ноќна мора од професор Каракамишева мора да знае дека национален претставник нема право да гласа за мислење на закон што доаѓа од државата од која е испратен претставникот. Епа друже Бујар, знам каде ти лежи маката и болката. Паметните луѓе ги прашуваат паметните, секаде и секогаш! Така ќе биде и овојпат!, напиша професорката.