Основна плата и додатоците кои следуваат


Плата
Работникот има право на плата.
Платата на работникот за работа со полно работно време и нормален учинок не може да биде пониска од најниската плата утврдена со колективен договор на ниво на дејност.

pariПлатата е составена од:
– основна плата;
– дел од плата за работна успешност, и
– додатоци

Oсновна плата

Основната плата се определува врз основа на барањата на работното место (стручна подготовка, стекнати вештини, сложеноста и
одговорноста на работното место) а се утврдува така што износот на најниската плата се множи со коефициентот на степенот на сложеност на одделна група на работи на која припаѓа работното место на кое работникот работи согласно договорот за вработување.

Дел од плата за работна успешност

Критериуми и мерила за утврдување на работната успешност се: 

домаќински однос; обем; квалитет; креативност и инвентивност, остварена продуктивност, економичност; заштеди во процесот на работење; ефикасност и користење на средствата за работа и работното време и други утврдени со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач.

Работната успешност се мери, односно проценува за поединци или групи на работници според однапред утврдени критериуми и мерила со кои работникот се запознава пред да почне да работи.  Резултатите од работењето на работникот ги утврдува, односно оценува работникот кој го води и организира процесот на работа.  Доколку работникот не ги достигнува работните резултати од причини што не зависат од работникот, (немање на струја и други енергенси, дефект на машините и немање на суровини или други објективни причини утврдени со колективен договор на ниво на работодавач), има право на основната плата.

Во случај кога 50% од работниците не ги исполнуваат утврдените норми и нормативи, Синдикатот може да покрене иницијатива за нивно
преиспитување.

Додатоци

Основната плата на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните за определено работно место, а
особено:

– Работни задачи во чие извршување работникот е изложен на неповолните влијанија на околината (чад, саѓе, топол пепел, прашина,
влага, високи, односно ниски температури, бучава, блескава вештачка светлина, работа во темни простории или во простории со несоодветно обоено светло);

– При работни задачи во кои согласно прописите работникот употребува заштитни средства како што се: заштитни чевли, гас маски,
маски против прав, уреди за доведување свеж воздух или други заштитни средства;

– Работи при кои работникот е изложен на посебни опасности
(пожар, вода, експлозија);

Со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач, се утврдуваат потешките услови за работа од нормалните за
одделни работни места и износот на зголемувањето по тој основ не зависи од висината на платата на работникот, туку се утврдува во единствен износ за сите работници што работат во тие потешки услови на работа.

Со колективен договор на ниво на работодавач, со методологија, се вреднуваат потешките услови за работа од нормалните за одделни
работни места.

Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:
– прекувремена работа ………………………………………………… 35%
– работа ноќе………………………………………………………………… 35%
– работа во три смени ……………………………………………………. 5%
– работа во ден на неделен одмор.. ………………………………. 50%
За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.

Додатоците, меѓусебно не се исклучуваат .

Правото на зголемен надоместок по основ на работа во три смени работникот го остварува само за ефективно проведено работно време во смени.
Основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж. Работодавачот може, доколку не организирал исхрана за време на работа или нема организиран превоз до и од работното место, на работниците да им ја зголеми платата во висина што ќе ја определи во договор со синдикатот.

–ПРАВДИКО–

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1