Осомничени 20 лица за падот на мостот во Џенова (ВИДЕО)


Италијанското обвинителство сомничи 20 лица за ненамерно убиство во случајот со паднатиот мост во близина на Џенова.

Обвинителството сомничи 20 лица за ненамерно убиство поврзано со минатомесечната трагедија , кога загинаа 43 лица при падот на мостот во близина на Џенова. Меѓу осомничените е и директорот на компанијата Аутострада , која ги одржува автопатиштата низ Италија.

Во несреќата се урнаа 220 метри од мостот Моранди , висок 45 метри и со себе повлече десетици возила. Несреќата предизвика жестока дебата во јавноста за безбедноста на мостовите во Италија , но и во повеќе други земји.

Под истрага се и владини функционери од Министерството за транаспорт , соопштуваат од обвинителството . Тие се товарат за непридржување кон безбедносните стандарди , како и за ненамерно убиство.

Од компанијата Аутострада тврдеа дека секои три месеци вршат контрола на сите автопатишта , односно речиси на половина на патната инфраструктура со која менаџира оваа компанија.

на снимката од безбедносните камери се гледа моментот на уривањето на мостот кај Џенова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1