Осомничениот напаѓач во Берлин се сомничи и за друг терористички напад


Германските власти доцна попладнево соопштија дека 24-годишниот Тунижанец Анис Амри е официјално осомничен дека е извршител на нападот во Берлин во понеделникот, при што загинаа 12 лица, јави ДПА.napagjac-berlin

Амри претходно бил во притвор во очекување на депортација од Германија, но потоа бил ослободен од непознати причини.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Тунижанецот барал азил под неколку различни имиња и на едно од неговите барања поднесено под лажно име, успеал да добие дозвола за привремен престој и заштита во Германија.

Од мај оваа година Тунис се неоѓа на германската листа на безбедна држава, чии граѓани немаат право да добиваат азил во Германија.

За германските власти уште поголем проблем е информацијата дека Амри бил осомничен во истрага за терористички напад, но неговото следење од страна на полицијата било запрено откако се преселил од западна Германија во Берлин.

Меѓу покраините Северна Рајна Вестфалија и Берлин имало преписка за неговиот случај, но подоцна под нејасни околности неговиот предмет бил ставен Ад Акта.

Доколку се потврдат наводите дека Амри е извшршител на нападот во Берлин, германските служби за безбедност ќе мораат да сносат сериозна одговорност за пропустот направен во неговиот случај, оценуваат дел од германските медиуми, за кои логично е да не се спречи индвивуалец кој делувал сам, но крајно неодговорно е службите да не превенираат напад од лице кое им било добро познатно на властите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1