Осомничениот за убиството на Ангел дал исказ пред обвинител


Во понеделникот осомничениот за убиството на матурантот Ангел Петковски, Насер Е. дал исказ пред обвинител.

Детали не се откриваат, а адвокатот за Канал 5 им потврдил дека останал на првичната одбрана што ја дал и во полиција дека било убиство во самоодбрана. Дали ваквата одбрана има поткрепа и во материјалните докази засега никој не открива поради тајноста на истрагата.

angel 2Претходната недела биле сослушани и родителите на Ангел. Токму таткото на Ангел е еден од клучните сведоци со оглед на тоа што убиството на синот се случило пред неговите очи. Од обвинителството потврдиле дека треба да се сослушаат уште најмалку 6 сведоци  во петок или следна недела.

Дали потоа ќе бидат преземени и други истражни дејствија ќе зависи од тоа што тие ќе раскажат пред обвинителот.

Истотака ќе се врши и психијатриско вештачење на осомничениот што е стандардна процедура во сите предмети за убиство.

ubiec angel

Во меѓувреме пристигнале сите вештачења  кои ги бараше обвинителството меѓу кои анализи на стап за кој постои сомнеж дека бил употребен во инцидентот, проверка на траги на велосипедот и други форензички анализи.

19 годишниот Насер Е. е во притвор и е осомничен дека со нож го прободел младиот Ангел. Оружјето се уште не е пронајдено.

Според МВР осомничениот влегол во дворот на Петковски и се обидел да го украде велосипедот по што Ангел и неговиот татко го забележале и тргнале по него го стасале во близина на очната болница во Ѓорче каде што се случила трагедијата.

Снимките од видео надзорот на болницата се дел од доказниот материјал.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1