До Основното јавно обвинителство за организиран криминал поднесена е кривична пријава против 20 лица осомничени. Неофицијално, осомничените информациите ги оддавале на безбедносните служби на Грција, јавува Курир.
Првоосомничениот започнал во 2005 и 2006 со собирање на информации пред формирањето на злосторничкото здружување. Во 2009 се приклучиле уште четири лица кон криминалната организација, а веќе во 2010 и останатите осомничени станале дел од злосторничкото здружување.
Вработените во државните безбедносни и останати институции ја злоупотребиле својата служба за оддавање на класифицирани информации, знаејќи која е потенцијалната опасност.
-За секоја класифицирана информација има причина за нејзиниот степен на доверливост и секое лице кое раководи со нив добива сертификат. Осомничените биле сосема свесни и ја знаеле потенцијалната опасност за државата, бидејќи постои специфичен режим на управување со класифицираните документи до кои и тие имале пристап. Ова е едно од најтешките кривични дела против државата, истакна министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Кривична пријава е поднесена против 20 лица за шпионажа, злосторничко здружување, уцена, измама и злоупотреба на службената положба.
Од извршените претреси во 30 објекти одземените предмети, документи, оружје се предадени на дополнително вештачење.
Курир