Останаа без невести: Кризата во Украина ги погоди ергените во Македонија


Се пријавиле вкупно 24 лица, но поради војната во Украина патувањето е одложено..

„Kонфликтот во Украина ги погоди осамените ергени во Македонија затоа што поради војната во оваа земја не можат да отидат таму и да си изберат невеста. За некои мажи во изолирани заедници, немањето жена значи живот во апсолутна осаменост“, пишува американскиот сајт „Vocativ“, со седиште во Њујорк.

svadbarski-obicai

Решение понуди Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод, општина со 8500 жители која опфаќа и десетици села, кој  во соработка со македонската амбасада во Киев, договорил мажи на возраст помеѓу 35 и 50 години да заминат на платено патување со автобус до Украина за да ја најдат идната сопруга.

„Потребна им е помош”, изјавил Војнески за „Vocativ“ . „Ако си најдат жена, ние како општина ќе ја платиме и свадбата“ рекол тој.

Се пријавиле вкупно 24 лица, но поради војната во Украина патувањето е одложено.

Нискиот наталитет предизвикува очај во руралните заедници низ Европа, а проблемот е особено акутен во малата балканска земја Македонија, со население од само два милиони, каде што жените ги напуштаат селата и се мажат по градовите, оставајќи ги селата полни со ергени.

Во репортажата се зборува и за селото Брест. Инцијативата на градоначалникот за патување во соседна Албанија за наоѓање на сопруги даде резултати – за 4 години договорени се 78 албански невести и родени се 109 деца.

Сепак, „Vocativ “ потсетува дека уште 23 мажи во селото се ергени, а жени нема. Дел од нив рекле дека воопшто не им е важно од која земја ќе биде идната сопруга. Неколку десетици села во Македонија се речиси целосно напуштени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1