Оставил порака и со автомобилот слетал во огромна провалија – девојката се слушала на телефон (Фото)


Дваесет годишниот Роби Хајбар си го одзел својот живот, бидејќи не можел да се помири со фактот дека неговата девојка го напуштила.

news_110898

Неговиот однос со Шанон Вудфорд, веќе подолг период бил во криза и двојката честопати раскинувала. По последната кавга, Шенон со себе ги однела нејзините две деца. Таа му рекла дека нивната четиригодишна врска е готова и не сака повеќе да го види.

„Бакни ги децата за добра ноќ. Се надевам дека ќе можеш да живееш со својата совест. Ова е најдобро за сите… збогум“, била последната порака која Роби и ја испратил на Шанон.

За време на несреќата, Шанон го повикала на мобилниот телефон. Тој и рекол дека е добро што се јавила во тој момент затоа што ќе можеш да го слушнеш ОВА:

136589107644„Шенон го слушнала неговиот врисок и како нешто се руши, кога одеднаш врската прекинала“, девојката ги опишала последните моменти на Роби Хајбар, кој со својот автомобил ја пробил заштитната ограда и излетал и паднал на карпа.

Возилото паднало на камења, по што Роби починал на самото место. Во неговата крв се пронајдени речиси двојно повеќе алкохол од дозволената граница.

Хајбар пред да седне зад воланот и да се фрли во бездната, им испратил порака на своите пријатели дека му е жал, но не може повеќе да издржи.

„Не дозволувајте моите деца да мислат дека јас сум тој кој што е виновен. Таа е чист отров“, гласела пораката.

136587886635
Неговото семејство и пријатели велат дека и покрај фактот што тој бил под голем притисок поради проблемите со Шенон, тој не бил депресивен и ништо не укажувало на несреќата.
„Работел по 60 часа неделно за да може да го издржува семејството. Имал проблеми, но воопшто не насетил дека му е до толку тешко. Веројатно алкохолот си го направило своето“, изјавил негов близок пријател.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1