Остра дискусија во ДИК, се отфрлаат приговори на ВМРО-ДПМНЕ


Остра дискусија трае помеѓу членовите на ДИК на јавната седница на која се расправа по приговорите за изборни нерегуларности поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Досега се разгледани три приговори, а четвртиот е во процедура. Првиот е за две избирачки места во Прилеп, за несовпаѓање на записниците, кој е е отфрлен, како и еден за Ѓорче Петров за кој се утврди дека не е точно дека недостига потпис на член на одбор на извештајот. Најжестока дискусија имаше за приговор во Општина Центар, каде што на граѓанин му било дозволено да гласа, а немало негов потпис во списокот.

Мнозинството од членовите одлучија да го свикаат избирачкиот одбор од избирачкото место 2806/1 за да дадат исказ пред комисијата. На ова точка најмногу негодуваше Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Процедурата мора да биде запазена. Доколку е прекршена, ние сме тука да реагираме“, рече Бонева.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, ја смируваше ситуацијата и бараше да не се троши времето на непотребна дискусија.

„Имаме рок во кој треба да ги разгледаме приговорите. Ако продолжиме вака, нема да завршиме до 19 часот“, рече Чичаковски.

Додека се чека избирачкиот одбор за Центар, комисијата започна со разгледување уште еден приговор за гласачко место во Прилеп, каде што има поплака за злоупотреба на УВ-ламба.

Инаку, од поднесените 43 жалби, ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на седницата повлече три.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1