Остра порака од Обама до Едроган:„Што е многу, многу е“


САД побара од Турција да затвори стотина километри од границата со Сирија која остана последна точка преку која борците н Исламската држава непречено ја поминуваат.obama erdogan_getty

-„Играта се промени. Што е многу, многу е. Границата мора да биде затворена“, рече анонимен извор од администрацијата на претседателот Обама во разговор со The Wall Street Journal.

-„ова е меѓународна закан која доаѓа од Сирија и преминува преку турска територија.“, пишува во пораката која Вашингтон и ја прати на турската влада.

САД смета дека затворањето на границата би било повеќе штетно за ИСИС од сите воздушни напади.

Барањето на Америка доаѓа откако има се поголем притисок на Турција и се пожешки обвинувања дека соработуваат со терористите на ИСИС. Не само што илјадници борци ја преминаа турската граница и отидоа да се борат на страна на терористите, туку и сирова нафта со нафтени полиња кои ги завзеде ИСИС наоѓаат пат до Турција и таму се продава.

САД проценува дека за целосно затворање на границата се потребни 30.000 турски војници.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1