Осуден старец од Албанија за силување на продавачка во Кичево


НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Х.М. (62) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

На 19. овој месец пријавениот влегол во продавница во Кичево и побарал да купи јакна.siluvanje

Во момент кога бил услужен од вработената, истиот и се доближил и почнал да врши полови дејствија, допирајќи ја по телото. Истата успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија на објектот, од каде земала нож со намера да се одбрани.

Во тој момент од другата просторија излегла другата вработена, по што пријавениот излегол од продавницата и заминал во непознат правец. Набргу потоа истиот бил пронајден.

Од страна на Основен Суд Кичево на Х.М. му е одредена казна затвор во траење од три месеци и истиот е спроведен во КПД Идризово во Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1