Осудени насилниците во тетовските протести за „Монструм“


Тетовскиот суд на десетината агресивни демонстранти за случајот „Монструм“ денеска им определи казни. Осумина „заработија“ по 2,5 години условно, додека на двајца, кои се ослободени по осумдневниот притвор, ќе им се суди во редовна судска постапка.

protest44Од утрово, околу зградата и по тетовските улици имаше зголемено присуство на полициски сили, а исходот пред зградата го очекуваа триесетина лица, роднини и пријатели на осомничените.

Судската разврска доаѓа откако СВР Тетово минатата недела поднесе десет кривични пријави. Со нив беа опфатени лица кои како учесници во протестите се судрија со полициски кордон по што имаше, девет повредени лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1