Осум Македонци уапсени преку Фејсбук лани!


Седум струмичани и еден скопјанец во текот на цела 2014-та и почетокот на 2015-та година вршеле продажба на неоригинална спортска опрема, патики и тренерки од брендовите “Адидас“, “Најк“, “Валентино“, “Армани Џинс“, “Илевен“, “Ла Коста“ и “Пума“ преку социјалната мрежа Фејсбук.

To match feature: INTERNET-SOCIALMEDIA/PRIVACY

Секторот за внатрешни работи во Струмица одлучи да поднесе четири кривични пријави за вкупно осум лица поради постоење на основи за сторени кривични дела “прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и “повреда на авторско право и сродни права“.

Освен вакви производи, лицата продавале и неоригинални парфеми од брендовите “Пако Рабан“, “Каролина Херера“, “Армани“, “Долче и Габана” и “Булгари“.

Полициските службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавените лица. Одземени се поголема количина спортска опрема и парфеми, компјутери, мобилни телефони, пари, картонска амбалажа од обувки како и документација од испраќани пратки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1