Осум починати и 136 нови случаи на КОВИД-19


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-80, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-24, Струга-1, Велес-3, Охрид-5, Гостивар-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-4 и Неготино -1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од: Скопје-26, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-6, Велес-4, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1.

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57 годишен пациент од Велес.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни.

Починаа две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни.

Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61г) хоспитализиран на 21 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2667, активни 1785
• Куманово 709, активни 254
• Дебар 83, активни 31
• Штип 277, активни 186
• Прилеп 238, активни 19
• Тетово 582, активни 338
• Струга 182, активни 102
• Велес 172, активни 32
• Битола 43, активни 14
• Охрид 124, активни 104
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 92, активни 53
• Гевгелија 10, активни 6 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци) • Струмица 13, активни 9 • Крива Паланка 12, активни 6 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 6, активни 3 • Кочани 62, активни 27 • Пробиштип 13, активни 9 • Демир Хисар 1, активни 0 • Македонски Брод 3, активни 1 • Пехчево 5, активни 2 • Берово 2, активни 1 • Валандово 6, активни 4 • Виница 3, активни 0 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 4, активни 1 • Свети Николе 17, активни 15 • Кичево 10, активни 6 • Ресен 73, активни 72 • Неготино 20, активни 9 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1208 теста се преку: ИЈЗ –506, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –102, Биотек –108, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -205, Судска медицина-6 и Систина со PCR метода -171. Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 36 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле 1 дете и 11 возрасни позитивни на ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, 4 пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До утрово вкупно хоспитализирани се 124 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 413
• Аеродром – 135
• Бутел – 136
• Гази Баба – 149
• Центар – 127
• Карпош – 124
• Сарај – 141
• Кисела Вода – 101
• Ѓорче Петров – 83
• Студеничани – 89
• Шуто Оризари – 72
• Арачиново – 49
• Илинден – 33
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 3
• Нераспределен-3

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1