Осум потенцијални лидери кои можат да ја „затресат“ Европа


Прво Брегзит, потоа Доналд Трамп, но крајот не е тука. Во наредната година серија на избори ќе се одржат во европските земји, а неколку од нив можат да ја затресат „статус кво“ ситуацијата во Европа.lideri-evropa

Франција – Мари Ле Пен, претседател на Националниот фронт, со воодушевување му ја честиташе победата на Доналд Трамп, а за Би-Би-Си, рекла дека победата на Трамп во САД ги зголемува нејзините шанси таа да биде избрана за претседател на Франција. Рекла дека нејзиниот „избор за претседател ќе биде наредниот чекор во голобалната револуција“. Мари Ле Пен најави дека доколку стане претседател на Франција ќе организира референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат земјата да остане во Европската унија.osum-marin-lepen-liderisvet-01

Германија – Политиката „на отворени врати“ на канцеларката Ангела Меркел и овозможи неверојатен подем на Фрауке Петри, која е членка на Алтернативата за Германија, партија која според последните анкети се наоѓа на третото место според популарноста кај гласачите. Оваа партија сака да го забрани носењето на бурка и да го лимитира бројот на лицата кои бараат азил на 200.000 луѓе годишно. Петри, која има 42 години и е мајка на четири деца, верува дека полицијата без предупредување би требало да пука во мигрантите на германските граници и дека исламот не е компатибилен со германскиот Устав.frauke-petri

Чешка – Андреј Бабиш е вториот најбогат човек во Чешка. Тој во 2011-та година ја основа партијата АНО со цел преку неа да се бори против корупцијата и другите аномалии на политиката. Богатството, Бабиш, го стекнал во петрохемискиот гигант Агроферт. Неговата партија е дел од владеачката коалиција, а тој е потпретседател на владата. Меѓутоа тој се надева дека во октомври 2017-тата година ќе победи на изборите. Рекол дека има многу заеднички работи со Трамп – вклучувајќи го и ставот кон мигрантите.andrej-babis

Австрија – Еуроскептикот, Норберт Хофер, во декември годинава ќе го има својот втор обид да победи на претседателските избори. Уставниот суд ги поништи резултатите на претседателските избори на кои Хофер, кандидат на десницата, „за влакно“ загуби од Александер ван дер Белен. Хофер, исто така ја пропагира антиимигрантската политика, тој е против истополовите бракови и смета дека исламот „нема што да бара во Австрија“.norbert-hofer

Италија – Бепе Грило тврди дека победата на Доналд Трамп е крај на една епоха. Грило за седум години својата партија Движење на пет ѕвезди успеа да ја етаблира како најсилна опозициска партија во Италија. Сепак, тој тврди дека тие не се партија, туку дека само се борат против партиските естаблишменти. Во Италија на 4-ти декември ќе се одржи референдум за уставните реформи кои ги заговара премиерот Матео Ренци. Според анкетите партијата на Грило има предност пред останатите. Грило најавил дека Италија ќе излезе од еврозоната доколку победи.bele-grilo

Србија – Војислав Шешељ, основач и лидер на Српската радикална партија најави дека ќе се кандидира на претседателските избори кои ќе се одржат во мај наредната година. Радикалите на неодамнешните парламентарни избори освоија 22 места во српскиот парламент. Шешељ тврди дека Доналд Трамп претставува алтернатива на глобализацијата.seselj

Норвешка – Сив Јенсен е лидерка на Норвешката прогресивна партија, а од 2013-тата година е министерка за финансии. Се надева дека во септември наредната година, по изборите, ќе добие повеќе власт во своите раце. Таа не ги поддржува договорите за климатски промени, а се противи и на она што го нарекува „неконтролирана исламизација на Европа“.stiv-jensen

Холандија – Герт Вилдерс, евроскептик и лидер на Партијата за слобода, е на суд поради ширење на расна нетрпеливост. Имено, во својот говор во 2014-тата година тврди дека „во татковината има премногу Мароканци“. Тој Куранот го споредил со делото на Хитлер „Mein Kampf“, а е против изградбата на нови џамии. „Сите џамии и исламските школи треба да се затворат и треба да се забрани Куранот“, стои во неговата изборна програма. Судскиот процес кој се води против него само му ја зголемил популарноста, а неговата партија е речиси израмнета со либералите. Изборите во Холандија ќе се одржат во март наредната година.gert-vilders

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1