Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип донесе одлука за осумдневен притвор за двајцата штипјани, на возраст од 23 и 26 години, кои пред два месеци малтретирале и тепале девојка во влез на станбена зграда.
Видеото кое го снимале вчера беше објавено на социјалните мрежи. Двајцата штипјани по одлуката на судијата на претходна постапка се носат во кумановскиот затвор.
Обвинителство наредната недела, до судијата на претходна постпка треба да достави обвинителен предлог, по што тој ќе треба да донесе нова одлука за мерката притвор.
Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски побара да им се изрече мерка притвор на двајцата штипјани, кои се товарат за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Според законот, казната за сторители кои се огласуваат за виновни по ова дело се движи од шест месеци до пет години.