Вработен во службата на Итна помош заразен од корона вирусот


Вработен во службата на Итна помош заразен од корона вирусот, потврди Директорот на Здравствен дом, Виктор Исјановски.

Според информации на Канал 5, возачот пред неколку недели превозувал лице заразено со вирусот, а поради тоа, самиот закажал тестирање во еден од пунктовите во Скопје. Утрово добил известување дека е позитивен на КОВИД 19. До денеска возачот немал симтоми, а претходно редовно бил ангажиран во службата.

Само во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 30 новозаболени, најмногу во Скопје, каде бројката на досега заразени од почетокот на епидемијата изнесува 195.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1