Ќерката на фолк пејачката цеца Ражњатовиќ и нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражњатовиќ – Аркан, Анастасија изјавила дека многу пати поради тоа што не се сеќава на нејзиниот татко.
– Мислам на мојот татко секој ден, без оглед дали е празник, роденден или некој обичен ден. Секој ден ми е во мислите. Татко ми ќе ми фали низ целиот живот, но морам да се навикнам на тоа и да живеам, да пораснам и да остарам без татко. Би сакала да почуствувам како е да се има татко. Мечтаам за тоа му седнам во скутот да го прегрнам, да го бакнам, да ми даде некој совет, рекла Анастасија.
Таа додала дека сигурно би се чуствувала заштитено ако во нејзиниот живот постоел нејзиниот татко, но и додала дека нејзината мајка секогаш се трудела да ја надомести таа празнина, поради што Анастасија и е благодарна.
– Многу ме боли кога ќе слушнам лоши зборови за мојот татко, но и се вознемирувам и кога ја навредува мојата мајка, мојот брат… Сакам да ги заштитам, но сфаќам дека таквите луѓе не се вредни за внимание. Никогаш ништо не ми кажале во лице, но многу се гласни преку социјалните мрежи, објаснила Анастасија и додала дека нејзиниот брат Воин не би смеел да зборува лошо за нејзината мајка доколку нејзиниот татко беше жив.