Освен тато никој не знае како изгледаат ќерките на Путин


Ќерките на рускиот претседател Владимир Путин долго време не се забележани во јавноста, а кога во неколку ретки случаи некој ќе ги фотографира наведувајќи дека тоа се ќерките на Путин, од неговата канцеларија пристигнува негирање – не, тоа не се тие.

Двете ќерки на Владимир Путин од бракот со поранешната сопруга Лјудмила, за јавноста се голема мистерија. Малкуте информации кои се познати за нив се нивната возраст, дека постарата ќерка наводно живее во Холандија со своето момче, бизнисменот Јорит Фасеном (34) и дека е дипломиран биолог, а додека била млада исто така била верена за јужнокорејски воен претставник.

putin kjerki

Постарата Марија (29) и помладата Екатерина (28) се вистинска мистерија. Веста дека Марија по уривањето на Малезискиот авион MH17 побегнала со момчето од Холандија, по грешка на медиумите беа попратени со фотографии од поранешната Мисица од Порторико, пренесува Daily Mail.

Фотографиите на Путин со своите ќерки до јавноста се речиси недостапни. На интернет кружи само една фотографија од деведесеттите на која девојчињата се многу малечки. “Ќерките на претседателот Путин не се кријат, едноставно се придржуваат до советите на својот татко за затворен систем”, изјавила неговата потпаролка.

Својот приватен живот рускиот претседател го чува во строга тајност. Во руските медиуми еднаш се појави и информацијата дека Путин има уште едно дете, син, кој пред неколку години го добил со неговата втора сопруга Алина Кабајева, но не се потврдени информациите ниту дека е во сериозна врска со Кабајева ниту дека имаат дете.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1