Направете си сами природен мирис за автомобил кој ќе ве чини многу евтино, а ќе биде готов за 5 секунди.
Се што ви е потребно е дрвена штипка за пружење алишта и етерично масло по желба.
Штипката натопете ја со неколку капки од маслото и закачете ја на отворот од вентилацијата, каде инаку се ставаат купечките течни мириси за автомобил.
Благодарение на протокот на воздухот, мирисот ќе се рашири низ целата внатрешност на автомобилот.