Најголемата сума на пари која е освоена во Њу Џерси ја добил 41-годишниот Ричард Вол на лотаријата „Мега Милиони“ во март. Тој освои сума од 533 милиони долари, на што не се надевал ни во најлудиот сон.
Како што се тврди, дури и мајка му на Ричард го повикала на телефон да го извести дека некој од неговото место добил џек-пот.
Најпрво негирал дека е тој, а кога сфатил дека тој е добитникот на парите, изјавил дека ќе ги троши паметно и на добри работи.
– Овие пари нема да го променат само мојот живот. Сакам да ги промени и другите животи, без разлика дали тоа се членови на семејството, пријателите, или генерално луѓето на кои им требаат пари, изјави среќниот Вол.