Матео Петриќ (35) Хрват од Посушље, отпатувал во Норвешка „на слепо“ и храброста му се исплатила.
„Имав каде да спијам и што да јадам, но немав работа. Кога стигнав не знаев ни збор норвешки“, освен „лордаг“, сабота, бидејќи пријателите ме зафркаваа дека едвај ќе го чекам тој ден“, раскажува Матео.
„Веднаш се зафатив да барам работа. Тропав од врата на врата по хотели, ресторани и кафулиња, оставав CV, се јавував на секој прифатлив оглас на интернет. Се понадевав кога еден Шпанец ми вети работа во хотел.“
„Ние, странците, мора да си помагаме меѓу себе, дојди во вторник, имаш работа“, му рекол во петокот. Матео во вторникот отишол во хотелот, каде го дочекало „извини, но…“
Меѓутоа, само 16 дена по доаѓањето во Норвешка навистина добил работа во фирма специјализирана за чистење и иселување. Почнал да работи на 10. ноември и вели дека досега не кренал „ништо потешко од 5 килограми“.
Матео ги советува дојденците во Норвешка, документите да не ги решаваат во главната полициска станица, туку во некоја помала, бидејќи многу побрзо ќе ја завршат работата. Тој, тоа го завршил за неколку минути. Од документи треба да се понесе договор со работодавач, пасош и доказ дека сте оствариле примања во Норвешка.
Следниот чекор е Скат, даночната управа. Таму се носи документ добиен во полиција, пасош, договор со работодавач и пополнет образец кој постои на интернет. И таму се` брзо се решава, објаснува Матео.