Откако ги зел парите Боки 13 се јавил кај вработен во МВР да праша дали го следат


Бојан Јовановски и Зоран Милевски се сомневале дека се следени, откако ги зеле парите од бизнисменот Орце Камчев, пишува „А1он“. Како што објави А1он повикувајќи се на свои извори, Боки 13 веднаш штом излегол од домот на Камчев се јавувал кај човек во МВР или припадник на единицата „Алфи“ за да праша дали некој го следи. Засега не е открино кај кој се јавувал

Жената чии раце се гледаат на снимката додека ги брои парите, дека е сметководителката на Орце Камчев, дознава „А1он“. Откако ги изброиле парите, Камчев му рекол на Боки 13:

„Е, Боки и спецификација на парите сум ви направил“.

Во домот на Камчев Кичеец и Боки 13 ги добиваат парите во чанта од „Луј Витон“ вредна околу 5 илјади евра. На снимката објавена во италијанскиот весник, во делот каде што не се слуша тон, Боки 13 му рекол на Камчев „Јас мислев во Кеса ќе ми ги дадеш“, а бизнисменот му враќа „Не личи Боки тебе во кеса да ти ги давам“.

Во објавената снимка се слуша како Боки 13 му ветува на Камчев дека ќе биде ослободен од притвор од страна на Врховниот суд, кој ќе ја укине мерката. Снимката е направена на 20 февруари, а веќе на 4 март Камчев е ослободен од Кривичниот совет на Врховниот суд за предметот „Империја“, кој го води СЈО.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1