Откако го нема Гадафи, нема нафта


Либиското производство на нафта падна на 300.000 барели дневно, или помалку од четвртината производство пред падот на Моамер Гадафи. Северноафриканската држава е зафатена со судири на две сепаратистички влади и нивните вооружени сили – едната меѓународно призната влада и друга, како што наведува британската агенција Ројтерс, самопрогласена управа, која го презема Триполи минатата година.oil-well-shadow

Како што наведува државниот претставник за нафта од меѓународно признатата влада. Наџи Могхраб, дневното производство на нафта паднало на 300.000 барели дневно, поради борбата меѓу воодужените фракции и поради затворање на 50.000 километри нафтовод.

Поради расколот во власта во Либија сега има две конкурентски државни нафтени компании. Едната од нив е под контрола на признатата влада, другата под властите во Триполи и често даваат контрадикторни извештаи за состојбата со нафтените полиња и нивната контрола.

Пред граѓанската војна во 2011 година, кога беше симнат Моамер гадафи, Либија произведуваше околу 1,6 милиони барели нафта дневно. Но, во последните неколку години, производството постојано е под половината на тоа ниво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1