Откако го среди Блаканот Бадинтер сега пишува опери за хомосексуалноста


Францускиот политичар и правен експерт Роберт Бадeнтер го напиша либретото за операта „Клод“, инспирирана од затворската драма на Виктор Иго, во која тој зборува за хомосексуалноста.

Badinter_RobertУапсен на барикадите, во моментот кога протестираше против заменувањето на текстилните работници со англиски машини, Клод е осуден на повеќе години затвор.  каде тој се вљубува во еден друг затвореник, што ќе го одведе на гилотиња.
Бадинтер, човекот кој успеа да ја укине смртната казна во Франција, објаснува дека тој си зел за слобода да се оддалечи од текстот на романот на Виктор Иго, при што открил дека и самиот Иго се оддалечил силно од вистинскиот случај на Клод Гео, чие судско досие го нашол во судските архиви.

Поранешниот министер за правда и порано говорел против репресијата на хомосексуалноста.  За оваа тема пишувал и во тетарската претстава „Ц.3.3“во која се раскажува за животот на Оскар Вајлд во викторијанското општество.

Роберт Бадинтер беше претседател на Арбитражната комисија на Европската Заедница, која го потврди правото на Република Македонија за независност и меѓународно признавање и го афирмираше принципот за неповредливост на границите на земјите кои произлегоа од поранешната југословенска федерација.

Роберт Бадинтер, ја предводеше специјално формираната т.н. Бадинтерова комисија, која по распадот на СФРЈ, а по налог на Европската заедница даде оценка дека само Македонија и Словенија ги задоволуваат условите за стекнување независност. Потоа, во 2001 даде придонес за уставните измени на земјата. Тој бил вклучен во изработката на Охридскиот Договор во Република Македонија. Принципот на овој договор е да ги поврзе етничките заедници во националното законодавно тело ( а подоцна и во локалната самоуправа и други државни органи) треба да биде поддржан од двете етнички групи, овој принцип често се нарекува “Бадинтеров принцип”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1