Отказ, кривична пријава и парична казна за директорката на „Детска Радост“


Отказ, кривична пријава и парична казна за директорката на градинката „Детска Радост“, Светлана Јанкова.

otkrivat-nova-detska-gradina-za-140-deca-v-sofiq-135255Постапката за нејзино разрешување веќе ја отпочнал градоначалникот на Гази Баба, додека пријавата од санитарниот инсекторат, која треба да биде спроведена до јавното обвинителство, е поради загрозување на здравјето и сомневање за акутно труење со храна. Јанкова ќе биде должна да плати и дополнителни од 1000 до 1500-тини евра, казни од агенцијата за храна и од министерството за труд и социјала. Кривична пријава и парична казна од 5 илјади евра има и за градинката како правно лице, пренесува Алфа.

Централната кујна на градинката ќе биде затворена се додека не се добијат негативни резултати и од ново – земените брисеви од 5 лица – вработени во кујната и од негователките. Готвењето во кујната ќе продолжи кога негативни ќе бидат и дополнителните анализи на примероците од работните површини и опремата во кујната.
Директорката Јанкова за казните против неа слушна од медиумите и затоа не сакаше да ги коментира.
Инаку, во меѓувреме вкупниот број на дечиња со симптоми на труење се искачи на 16. Досега кај 6 од нив е потврдена салмонела, од кои едно дете е само преносител на бактеријата. 4 дечиња сеуште се хоспитализирани на Инфективната клиника.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1