Отказ може да добиете и по 1 год, откако се случила грешка или нарушена дисциплина – изгласан законот


Собранието на Република Македонија денеска во рамки на продолжението на 77. седница ги донесе измените на Законот за работни односи.

otkaz_1369845149_670x0Опозицијата не ги поддржа измените затоа што смета дека тие се на штета на работниците и претставуваат кратење на нивните права. Со измените, според опозицијата, му се дава право на работодавачот една година по направениот прекршок да го избрка работникот за нарушен ред и дисциплина.

– Измената треба да се повлече затоа што ваквото законско решение не е во корист на работниците. Измената на законот е во интерес на работодавачите, рече Цветанка Иванова, додавајќи дека во изминатиот период постојано се кратат работничките права.

Во репликата, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ не се согласи со тврдењето дека во изминатиот период постојано се кратат работничките права за што според него потврда е воведувањето на минималната плата и низа други законски решенија.

Неговата колешка Сузана Анова посочи дека законската измена се однесува на оние работници кои не ги почитуваат работниот ред и дисциплина во компанијата и оти постојат механизми за заштита на работниците.

Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими истакна дека решението што се предлага е разгледано на Економско-социјалниот совет во кој членуваат и работодавачите и синдикатите. – Најдовме решение кое беше прифатено од двете страни, нагласи Ибрахими.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1