Вработените од обезбедувањето на најпрометниот германски аеродром во Франкфурт на Мајна, денеска стапија во предупредувачки штрајк со барање за поголеми плати и подобри услови за работа, што доведе до долги редици патници, гужви и откажани летови.
– Досега се откажани 41 лет, изјави портпарол на аеродромот, пренесува германскиот магазин „Шпигел“.
Германските медиуми известуваат дека контролните шалтери имаат значително помал персонал, од вообичаено.
Синдиктот Верди изутринава од два часот ги повика сите приватни безбедносни компании на аеродромот да го прекинат работењето до вечер во 23 часот по локално време.