Откажани 520 летови – втор ден штрајк на стјуардесите и стјуардите во „Луфтханза“


Втор ден по ред штрајкуваат стјуардите и стјуардесите на германскиот авиопревозник „ Луфтханза“ (Lufthansa), принудувајќи ја компанијата да откаже околу 520 летови на кратките и среднодолгите маршрути, пренесоа американските медиуми.lufthanza2

Синдикатот „УФО“ (UFO) ги повика на штрајк своите членови, вработени на авионите „Ербас А320“ (Airbus A320) и „Боинг 737“ (Boeing 737) на главниот аеродром на „Луфтханза“ во Франкфурт. Штрајкот ќе трае 17 часа и освен Франкфурт ќе го опфати и аеродромот во Диселдорф.

Се очекува штрајкувачките активности да продолжат една недела, и да опфатат различни аеродроми. За утре (8 ноември), меѓутоа, нема планирани протести.

Штрајкот засега не ги зафати и фирмите ќерки на „Луфтханза“, како што се  „Јуровингс“ (Eurowings), „Германvингс“ (Germanwings), „Свис“ (Swiss) и „Остриен ерлајнс“ (Austrian Airlines).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1