Откажани летови од скопскиот аеродром поради маглата


Маглата повторно направи проблеми на скопскиот аеродром ,,Александар велики,, Сите летови кои беше предвидено ноќеска да слетаат во Скопје се пренасочени поради намалената видливост и неможноста да слетаат во Скопје.

Според информациите 7 лета се пренасочени или на аеродромот во Охрид, Приштина, а летот на Туркиш, откако еден час се обидуваше да слета се врати назад за Истанбул. Не полетаа ниту патниците кој доцна синоќа требаше да патуваат за Истанбул.

Утринава повторно има магла, но нема информации дали закажаните летови ќе се реализираат или повторно ќе има пренасочување на околните аеродроми. Единствениот лет кој беше закажан за утринава и требаше да слета од Истанбул околу 8 часот повторно по над 1 час вртење над скопскиот аеродром се вратил за Истанбул. Останатие летови се закажани подоцна околу пладне, се очекува мглата да се крене, но засерга нема информации дали и овие летови ќе бидат пренасочени или не .

Screenshot_254

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1