Времето денеска: сончево и релативно топло


Сончево и релативно топло со мала облачност. Наутро по котлините со појава на магла, која повеќе ќе се задржи во Пелагонија. Ќе дува слаб ветар, долж Повардарието повремено умерен ветер од северен правец.magla-skopje

Утринските температури ќе се движат од -5 до 2 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 8 степени.

И понатаму ќе се задржи стабилно и суво време, по одделни котлини ќе има појава на магла, особено во утринските часови. Дневните температури во југоисточните делови и на повисоките места ќе бидат релативно високи за овој период од годината. Денес и кон крајот на работната недела на места ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе ги намали условите за појава на магла.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1