Откажани летовите: Масовно боледување на стјуардесите во „Кроација Ерлајнс“!


avion croatia

Поради масовното одење на боледување на кабинскиот персонал на наcионалниот хрватски превозник„Кроација Ерлајнс“, некои летови се откажани, меѓу кои оние за Виена, Минхен и Брисел, соопшти компанијата.

Дури 39 стјуардеси и стјуарди, односно 20 отсто од оперативно способниот кабински персонал на „Кроација Ерлајнс“, во последните 36 часа пријавиле одење на боледување, што досега е единствен случвај во историјата на компанијата.
Покрај претходните боледувања, компанијата во овој момент не може да планира на 45 вработени од кабинскиот персонал, односно на 23 отсто од расположливите вработени на патничката кабина.

Според последните најави Хрватското министерство за здравство веќе тргнало, по барање на компанијата, во проверка на веродостојноста на боледувањата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1