Откажани протестите во Тетово и Скопје, Албанците против насилниците


Тетовци денеска не се огласија на повиците за протест на фејсбук. Протестите кои беа најавени во 14 часот беа откажани. Еден граѓанин на тетово за „Тетово денес“ изјавил дека нема да протестира ако протестите не ги води конкретна личност чиј идентитет ќе биде познат, пренесува Курир.

mvr-izvestaj-Нема да излезам повеќе на протест ако протестите не ги води личност со име и презиме. Доста од тие кои повикуваат по фејсбук и седат дома, доста од тие што флаат камења и си ја кријат раката. Протестите треба да бидат мирни, и да не се злоупотребуваат од личности кои не им го сакаат доброто на Албанците“ – вели тој.

Демонстранти не се собраа ниту во Сkопје. Иако најавени за 14 часот со збирно место пред трговскиот центар „Чаирачка“ во Скопје, денеска немаше протести за случајот „Монструм“. Дел од медиумите пренесоа повик за протести во неколку града, покрај Скопје, и Тетово, Гостивар, Дебар и Струга. Во Скопје, освен полициско присуство во тој дел од градот, не беше забележана ниту една група која се собира со цел да протестира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1