Откази за 20 вработени во општина Карпош


Дваесетина вработени од администрацијата на општина Карпош биле непријатно изненадени со отказните решенија кои ги добиле утринава од градоначалникот Стевче Јакимовски.

opstina karposВработените за Центарњуз изјавиле дека тие не добиле образложение зошто им престанува работниот однос.

– Веднаш отидовме кај градоначалникот да ни образложи зошто ни престанува работниот однос. Кусо ни рекоа дека општината е во долгови и оти не може да не исплати – велат отпуштените за порталот Центар њуз.

,,Точно е дека дел од вработените во Општината им прекина договорот за привремено вработување, но не од причина дека се работи за долгови, туку се работи за непочитување на работните обврски во смисла доцнење на работа како и излегување порано од паузата кое е предвидено во текот на работниот ден, како и евиденција на почетокот и крајот на работното време, кои вработените си ги позајмувале електронските картички меѓусебно за регистрација на работното време“, се вели во реакцијата на Општина Карпош. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1