Во почетоците на функционирањето на Хашкиот трибунал еден од притворениците, чие име не е објавено, нарачувал проститутки и ги доведувал во собата за интимни контакти.
Ова во разговор за белградски „Вести“ го изјавил познатиот адвокат од Белград, Мирослав Васиќ, кој ги бранел обвинетите Срби во Хаг. Овој начин на „релаксација и уживање“ , притвореникот кој адвокатот Васиќ не сакал да го именува, бил практикуван се додека во затворската единица во Шевинген не станало јасно дека посетителки не биле сопруги на притворениците, ниту нивни девојки или свршеници, по шт посетите биле забранети.
Од друга страна и адвокатите од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, настојувале да се опуштат по напорните расправи.
– Ние адвокатите добро се запознавме за време на престојот во Хаг. Еднаш или двапати во месецот правевме балкански забави во тамошните пабови. На тие забави доаѓаат тужителите, вработените во судот и секретарките. Тужителите не можеа да се изначудат, говорејќи дека ние кои сме војуваме сега пееме исти песни – тврди во интервјуто адвокатот Васиќ.
Освен во пабот во кој приредувале забави, адвокатите од просторите на поранешна Југославија се собирале и во ресторан кој бил само на 200 метри оддалечен од Хашкиот трибунал. Ресторанот го отворил адвкатот Младен Налетиќ и дека во тој локал уживале во бројните балксански специјалитети.