Во Дубаи од небо паднаа 700.000 евра! (ВИДЕО)


Кога некој кажува дека ќе замине да работи во странство, она што сите му кажуваат е дека ни таму „не паѓаат пари од небото“. Е, па, во Дубаи паѓаат!

Возачите во Дубаи неможеле да поверуваат на своите очи кога пари почнале да паѓаат од небо. Сите почнале да излегуваат од автомобилите и да ги грабаат парите.moneysky

Се проценува дека од небото паднале дирхми во вредност од најмалку 700.000 евра.

Сето тоа го снимила една жена која го паркирала својот автомобил за да направи снимка од необичното случување.

Дувало силен ветер, таа била заглавена во гужвата и одеднаш ги видела парите, многу пари, рекол нејзиниот маж.

Се се случило на 11 февруари околу три часот попладне по локално време. Полицијата стигнала на лице место, но до денес не е утврдено од каде потекнуваат парите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1