Откриен град полн со злато кој пред половина век исчезнал без трага!?


Сè до овој момент, постоењето на овој град беше само еден обичен мит, но сега група експерти тврдат дека го откриле и тоа токму во прашумите на Хондурас заедно со остатоци од цивилизацијата која цветала пред многу години.

Белиот град, според легендата, изобилува со злато, што е причина број еден која ги привлекува истражувачите и ловците на богатства уште откако во 1526-тата година во едно од своите писма до кралот Чарлс за прв пат го спомнува Хернандо Кортез. Инспириран токму од оваа легенда, снимателот Стивен Еткинс побарал поддршка од приватни инвеститори кои би биле подготвени да го платат користењето на ласерското мапирање за изработка на мапа на шумските предели на Москитија.gradot-na-bogot-majmun-bel-grad-03

Во џунглите на Хондурас, археолозите тврдат дека дошле до откритие кое датира уште во 16.век, односно „Белиот град“ во кое населението ги прифатило мајмунот како свој бог.  Градот е забележан уште при 20-тите години на минатиот век но никогаш не е пронајден, како што велат археолозите од САД и Хондурас.

– Оваа култура е слабо проучувана и за неа не се знае речиси ништо. Археолозите дури немаат ни име за оваа култура, вели експедицијата која го истражувала градот.

На местото пронајдени се многу артефакти, камени скулптури, дури и една пирамида.

Според претпоставките на археолозите, поголемиот дел од објектите датираат дури од 14.век, пишува британски „Телеграф“. Жителите на „Белиот град“ верувале во мајмунот, а живееле во изобилство од злато.
Често низ светските медиуми при потрагита по градот, тој е опишуван како „рајот“, или „градот на златото“.gradot-na-bogot-majmun-bel-grad-01

Според верувањата, американскиот авантурист Теодор Морд, го пронашол градот за време на експедицијата во 1940 година, но починал без да ја открие локацијата.  Според неговите описи, во градот живеело население кое верувало во џиновски мајмун кои личеле како половина луѓе, половина мајмуни.

Официјалната потврда за постоењето на овој град ќе значи и негова споредба и со големината на откритието на Мачу Пикчу, кое на западниот свет во 1911-тата му го претстави американскиот историчар Хирам Бингам. Ова откритие веројатно и ќе ја раздвижи надежта за евентуалното пронаоѓање на легендарниот “изгубен град на златото”, Ел Дорадо.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1