Откриен идентитетот на младото момче кое се удави во Охрид


Трагедија го потресе вчера Охрид кога играта и летните лудории се претворија во хорор, откако младо момче се удави по скок од педалинка.

Полицијата денеска информира дека во 13.10 часот во Полициската станица за Граничен надзор Охридско Езеро било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, спроти плажа „Магнус“, 20-годишниот В.А. од Куманово скокнал од педалинка во езерото.

По кратко време, телото на починатиот било извлечено од водата од страна на припадници на Црвен Крст.

Смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1