Откриен идентитетот на мртвиот маж извлечен од Вардар


Во 19 часот синоќа било пријавено дека во водите на реката Вардар во населба Острово било забележано безживотно тело на маж. Според податоците на полицијата, се работи за 87-годишниот К.Д. од Скопје, кој од случајни минувачи бил изваден од реката.vardar

Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Телото на починатиот е предадено за обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1