Млад Украинец е осомничен дека убил, распарчил и изел тројца негови роднини, а докази за тоа се пронајдени во неговиот стан од страна на полицијата.
Инспекторите го сомничат 29-годишниот Украинец дека ги убил својот вујко, вујна и нивниот возрасен син, а потоа со кујнски нож ги распарчил нивните тела. Осомничениот убиец потоа се застрелал во моментот кога полицијата се обидела да ја скриши вратата од неговиот стан во Киев.
Осомничениот канибал најверојатно ги убил и ги распарчил телата на своите блиски, чии остатоци се пронајдени сварени во неколку тенџериња во станот.
Свареното чеовечко месо потоа го ставал во конзерви за да ги зачува.
Пред да дојде полицијата веќе имал запечатени неколку садови со чорба од човечко месо.
Полицијата се сомнева дека канибалот пред да ги убие своите роднини слично има направено и со други луѓе.
-Ги проверуваме сите адреси на кои живеел, се ќе проучиме. Веројатно има направено и други вакви сурови убиства, вели шефот на полицијата во Киев.
Соседите ја повикале полицијата откако со денови не виделе никој од семејството и почнале да жалат од непријатната миризба која се ширела низ зградата.
Полицијата дошла пред вратата и се обидела да влезе, кога од внатре се слушнале два истрели по што тие насилно влегле.
Кога полицијата влезе во домот на осомничениот убиец пронајде исечени остатоци од три тела и човек кој бил се уште жив но со неколку рани од пиштол во главата.
Тој починал на пат кон болница.
Во станот се пронајдени искасапени остатоци од неговиот вујко (68), вујна (51) и нивниот возрасен син.
Полицијата го истражува мотивот за убиството.
На местото полицијата пронајде два пиштоли и куршуми.