Во млекото и сточната грана на фармите во австриската покраина Корушка, откриен е отровот НСВ, чие присуство ги надминало дозволените граници за 400 %.
Како што нагласуваат властите, контаминираното млеко не стигнало до потрошувачите и нема место за паника.
Министерот за земјоделство, Кристијан Бенгер, изјави дека ситуацијата е сериозна, но додава дека нема опасност контаминираното млеко да стигне до потрошувачите.
Доколку отровот стигне до потрошувачите и во човечкиот организам, може да предизвика мачнина, а при подолго присуство може да дојде до рак и низа сериозни болести, а кај мажите ја намалува плодноста.
НСВ не се разградува во човечкиот организам и во телото останува во масното ткиво, а може да се пренесе и кај бебињата за време на доење.