Откриен највисокиот споменик на светот – чини 430 милиони долари


Во Индија е откриен најголемиот споменик на светот , висок 182 метри кој чинеше 430 милиони долари.

Во Индија свечено е откриен најголемиот споменик на светот , бронзена статуа висока 182 метри посветена на водачот на движењето за независност, Сардар Валабаја Пател.

Премиерот Нарендра Моди истакна дека споменикот на независноста ќе стане една од главните туристички атракции на Индија. Но , граѓаните не се задоволни и сметаат дека парите можеле да се потрошат многу подобро.

Илјадници полицајци беа поставени во околината на споменикот со цел да го спречат бунтот на жителите. Полицијата уапси некоклкумина демонстранти на вчерашните насилни протести кога населението го изрази своето незадоволство од расфрлањето милиони додека земјата се соочува со огромна сиромаштија.

Половина од парите ги платија локалните власти на регионот Гујарат , додека остатокот го плати федералната влада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1