Откриен непознат цицач во Сибир, многу близок на човекот


Руски научници изнесоа неверојатно тврдење дека благодарение на ДНК тестовите го откриле крзното на непознатиот цицач кој е во блиска врска со човекот.

Беа спроведени бројни тестови врз примероците кои беа откриени во една пештера во Сибир за време на меѓународната експедиција во 20111-та година.

„Имавме десет примероци за тестирање. Заклучивме дека станува збор за цицач, но не човек.“ – изјави професорот Валентин Сапунов од Рускиот државен хидрометеоролошки институт.

Тестовите покажаа дека влакната не припаѓаат на познатте цицачи од регионот како што се волк, мечка или коза.

Со анализите спроведени во Русија и Америка може да се заклучи дека влакната припаѓаат на суштество кое не е хомо сапиенс, но кое е во поблиско сродство со човекот отколку со мајмунот.

ДНК-ата на Големото стопало се разликува од човечката за само 1 процент.

Share Button
Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1