Потрошувачките навики на Балканците: Босанците најмногу трошат на Кафиња, Србите на храна, а Хрватите на мобилни


И покрај тоа што економската криза тропна кај сите на вратата, некои потрошувачки навики и понатаму се значително изразени.
Граѓаните на Босна и Херцеговина, најмногу пари одвојуваат за кафиња, така што според последните истражувања кои ги има објавено „GfK Consumer Panel“, за овој топол напиток, Босанците издвојуваат повеќе од 80 милиони евра годишни. Драматичен е податокот кои укажува дека за намирниците, во просек издвојуваат дури 58% од приходите.

Од друга страна, занимливо е дека околу 3,8 милиони жители на Босна и Херцеговина, дури 3,2 милиони ги користат своите мобилни телефони, што ги става на самиот врв на Европа. Имено просечен човек во БиХ, за трошковите за мобилен телефон одвојуваат околу 40 конвертибилни марки. Голема сума на пари одвојуваат и за превоз, дури 11 % од вкупните месечни трошоци.

Според истражувањето на порталот „EurActiv Srbija“, просечното домаќинство во Србија троши преку 40% од куќниот буџет за храна, што е три пати повеќе отколку од земјите во ЕУ. Неодамна извршената анкета, покажува дека Србите најмногу ги посетуваат продавниците. Дури три четвртини од нив ги посетуваат продавниците и по два пати неделно, а поголемиот број од нив, ги посетуваат и секојдневно.
Додека Босанците трошат пари на кафе, а Србите на храна, граѓаните на Хрватска релативно трошат на телекомуникациски услуги.

Имено Хрватска по ваквото прашање не заостанува многу ни зад еврозоната, затоа што просечно хрватско семејство, годишно издвојува околу 600 евра за мобилната телефонија. Хрватите се познати и по потрошувачката за облека. Годишно во оваа земја се трошат и по 900 евра за облека.
Во остатокот од светот најсклони потрошувачи се жителите на Хонг Конг, Швајцарија и САД. Благодарение на високиот стандард, таму многу се троши на облека, забави, скапи ресторани, на осигурување и здраствена заштита.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1