Индија: Забрана за додворување преку мобилен телефон


Советот на старешини во едно село во западната индиска држава Раџастан, им забранил на девојките од селото да користат мобилен телефон со цел да се спречи да не разговараат со момчињата без надзор, пренесуваат медиумите.

Но, тука не завршуваат бизарните идеи на Советот, кој исто така забранил да се носат и марами, бидејќи како што објаснуваат, не можел да се утврди точниот идентитет на девојките.

Старешините потврдиле дека со користењето на мобилните телефони девојките станувале лесно достапни да момчињата што можело да им направи несакани проблеми.

„ Имајќи го ова на увид, на советот се сложивме дека на девојките треба да им се забрани употребата на мобилниот телефон, како и на марамите“, изјави еден од старешините.
Одлуката е донесена откако една девојка побегнала од селото со момче од друго село.

Share Button
Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1