Планот на терористите бил да се разнесат во Хановер за време на пријателскиот натпревар помеѓу Германија и Холандија.
Оваа информација ја пренесува германски „Билд“ но сепак германското Министерство за внатрешни работи се уште ги нема потврдено тие информации.
Имено, терористите имале намера да внесат експлозив на стадионот, да го детонираат и целиот напад да го види светската јавност.
-Неколку терористи имале во план да внесат на стадионот во Хановер неколку експлозивни направи, а истовремено требало да експлодира бомба и во самиот центар на Хановер, пренесува дневникот „Билд“ .
„Билд“ се повикува на информации од таен документ на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.
Токму врз темел на овој документ, наводно, била донесена одлука од страна на германското Министерство за внатрешни работи натпреварот да биде одложен, а Германците овие информации ги добиле од „странска разузнавачка служба“.
Информацијата која по нападите во Париз, се прошири во јавноста, дека наводно терористите сакале бобата да ја внесат со амбулантно возила, „Билд“ ја потврдува.
За време на нападите требало да присуствува и лидерот на терористичката група кој сето тоа требало да го сними со камера.
Експлозивот е пронајден
Според официјалните податоци, на стадионот и во неговата околина не бил пронајден експлозив. Германскиот министер за внатрешни работи после одложувањето на натпреварот објасни дека не може да зборува за сите детали врз чиј темел е донесена оваа одлука, затоа што тоа ќе ја вознемирело германската јавност.