Српски Курир пишува дека пејачот кон средината на осумдесеттите се обидел сексуално да ја злоупотреби својата колешка во хотелот „Славија“.
Весникот наведува дека Мирослав Илиќ бил под дејство на алкохол кога упаднал во нејзината хотелска соба, а пејачката ја спасило обезбедувањето кое ги слушнало повиците за помош.
Инцидентот наводно се случил во екот на нивната популарност по дуетот „Jedan dan zivota“, а Брена не сакала да го пријави колегата за да се сокрие скандалот. Следниот ден Мирослав сфатил што направил и се извинил.
miroslav-brena
Брена не сакала да го коментира инцидентот, додека Илиќ за весникот кратко одговорил „немојте да ме потценувате“.