Фотографиите говорат повеќе од илјада зборови. Како е можно, тутунот од лековита билка во само сто години да стане најголем убиец на Земјата. Што е со радијацијата, ГМО храната, отровните хемикалии во околината, затруениот воздух? Што е со стресот, неправилната исхрана, прекумерното работење. На кому му одговара тутунот се помалку да се продава.
Одговорот е во една од најголемите добро организирани светски мафии во светот „Биг фарма“ или големите фармацевтски компании. Веќе со години се води хајка за тутунот. Таа билка која во својата прататковина Кариби и Америка (меѓу староседелците) се смета за медицински лек и света билка која ја нудат дури и во облик на толку стереотипното „луле на мирот“.
Во западниот свет оваа билка е државен непријател број еден, па поради тоа голем број на здравствени научници кои се против маргинализацијата и уништувањето на тутунот нудат одговори на неколку многу чести прашања.
Дали тутунот е штетен за здравјето? Во чист облик, не е. Познати се многу малверзации на големи тутунски компании кои за да ја зголемат продажбата, во тутунот ставаа (и се уште ставаат) разни хемисли супстанции за да пушачите станат зависни од цигари.
За ова не е виновен тутунот туку производителите на цигари. Од каде потребата за пушење?
Тутунот опушта и намалува стрес.
Според истражувањата, тутунот е корисен на многу работи, меѓу кои и штити од рак. Зошто политичарите ги слушаат големите фармацевтски компании? Поради пари.
Познато е дека во Америка, многу компании ги плаќаат политичките кампањи за понатаму да може да им поминат законите кои ним им одговараат.
Најдобар пример е како Монсанто ја организираше продажбата на Аспартам кој докажано создава тумори на мозокот. По војната и политичката мафија, најорганизирана е фармацевтската индустрија, која не само што не сака да бидеме здрави (затоа што нема да може да ги продава лековите) туку потребно и е ние да бидеме често болни, а во тоа и пречи и тутунот.
Швајцарија исто така користи фотографии од бели дробови на рудари за да ги заплаши пушачите од рак на белите дробови поради пушењето.
На прашањето зошто се објавуваат бели дробови на рудари наместо на пушачи, одговорот е дека тие изгледаат далеку погрозно од вистинскиот изглед на белите дробови на пушачите. Еве дел од фотографиите кои се наоѓаат на обвивките на цигарите.
Македонија го следи светскиот тренд, па поради тоа на секоја кутија има по некоја грозна фотографија која предупредува.