Откриена конечно гробницата на создавачот на астрономите на маите кои го направиле календарот


пронајдена гробницата на Пакал синот на Кан Балам I I за кој што се смета дека ги создал астрономските свештеници за кои што се претпоставува дека го предвиделе крајот на светот во 2012 година.


Големо археолошко откритие било пронајдено во Палекие Мексико. По неколку децении на потрага, гробот на Пакал, синот на Кан Балам I I, е откриен во близина на храмот на крстот Фолиат.
Група на аматерски истражувачи најавија на неколку ТВ станици во Мексико, дека успеале да ја најдат исчезнатата гробница во близина на храмот, Фолиат крстот, а она што е интересно истиот е изграден во времето на Кан Балам I I и е едно од местата за кои што младите истражувачи се сомневаат дека кралот би можел да биде погребан.
Можеби најважна работа за ваквото откритие е тоа што античките легенди говорат за тоа дека гробот ќе биде пронајден на крајот на 2012 година според циклусниот календар. Доколку гробот навистина е пронајден, се поставува прашањето што тоа ќе значи за судбината на нашиот свет? И дали во просторијата во која бил пронајден, се наоѓаат некакви специфични предупредувања за нас, за датата која што се наближува 21.12.2012?

Кан Балам е тој кој што го основал редот на „Chilam Bilam“ и кој ги создал астрономските свештеници за кои што се претпоставува дека го предвиделе крајот на светот во 2012 година.
Тимот од истражувачи не објавуваат многу информации во врска со досегашните откритија. Просторијата е прилично голема со неколку врежани антички симболи и пишувања на ѕидовите. Но, ниту еден од истражувачите не биле запознати со античкиот јазик на Маите, па затоа декодирањето на истите било невозможно да се направи.
Саркофагот кој што бил пронајден бил сличен на кралот Пакал Велики.


Тимот не бил во можност да го отстрани капакот, но голем број на други артефакти биле расфрлени наоколу.

Во комората се чини дека имало или две лажни врати, или пак и двете затворени врати, тимот не бил во можност да ги отвори.

Запрашани за тоа што тимот на истражувачи планира да направи во врска со ваквото откритие, тие одговорија дека се во процес на ангажирање на адвокат, да утврдат кои се нивните права. За жал мексиканскиот закон забранува да секое пронајдено археолошко откритие, остане во сопственост на тој кој што го пронашол, ниту пак добива некаков надоместок за тоа, туку истото станува сопственост на националната влада. Од тимот соопшуваат дека локацијата се уште нема да ја откријат се додека не се сигурни за нивните права.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1